Наследникот на Лионел Меси потпишува договор до 2026 година

фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Барселона во наредните денови ќе официјализира уште еден мега потпис, после Педри, Ансу Фати ќе потпише нов повеќегодишен договор.

Како што беше потврдено утрово, и од неколку сигурни извори – директорот на Барса, Матеу Алемани, отпатува за Португалија на последните преговори со Жорж Мендеш за новиот договор на Фати.

Во моментов, Фати има договор до јуни 2022 година, но Барса има автоматско право да го продолжи под исти услови до 2024 година. Но, клубот, на инсистирање на Мендеш, но и по сопствена иницијатива, одлучи веднаш да се подобри договорот на играчот до крајот на тековната сезона, а потоа за дополнителни пет, до 2026 година.

Исто така, платата на Фати постепено ќе се зголемува, бидејќи не е тајна дека клубот во моментов е во незавидна финансиска ситуација.

Иако Мендеш имаше неколку мега понуди од европски великани на маса, дури и Пеп Гвардиола изрази желба да го доведе или да размени за Рахим Стерлинг, Фати јасно му порача на својот агент да ја прифати Барса, бидејќи сака да остане во каталонскиот клуб.

Во позната школа „Ла Масија“ Фати дојде на неполни 10 години. Ова лето Барселона му ја даде „десетката“ на Лионел Меси, а имаше само една опција за Фати. Наводно, Барса напорно работи на неговиот потпис и сака да го официјализира пред неделното „Ел Класико“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот