Наследникот на Иринеј заболен од коронавирус, денеска служел литургија

Српската православна црква (СПЦ) известува дека митрополитот Дабро-Босански Хризостом, бил примен во болница во Белград поради инфекција со коронавирус.

Нова.рс пишува дека Хризостом станал поглавар на Синодот на Српската православна црква по смртта на патријархот Иринеј, и тој требало да остане таму до изборот на нов поглавар.

Во соопштението на Српската православна црква не се даваат детали за здравствената состојба на Хризостом, кој претходно денеска служеше литургија во Пеќката Патријаршија на Косово, престолнината на српските патријарси.

Митрополитот ја водеше церемонијата за покојниот поглавар на СПЦ, Иринеј во Белград.

Патријархот Иринеј почина минатиот месец од последиците од коронавирусот. Тој се зарази на погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије, кој исто така почина од корона.

ФОТО: Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава, верници го бакнуваат стаклото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот