Насилникот од Марино кој крвнички го претепа сопствениот брат и двапати го остави да умре, ќе одговара за обид за убиство
Претепаниот брат, чијашто возраст Обвинелството не ја открива, едвај го преживеал бруталниот напад
Обвинителството соопшти дека жителот на скопското село Марино, кој минатата недела во ужасен чин на семејно насилство крвнички го претепа сопствениот брат со дрвена ногарка од стол, а потоа во два наврата го остави да лежи во несвест и во локва крв, ќе одговара за обид за убиство.
Препорачано
„Обвинетиот 37-годишник, при вршење семејно насилство во семејниот дом во Марино, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата. Иако брат му бил сериозно повреден од ударите и изгубил свест, обвинетиот воопшто не се обидел да му помогне, туку легнал да спие. Следниот ден утрото забележал дека брат му лежи на истото место во локва крв, но повторно го оставил, а настанот го пријавил дури неколку часа подоцна. На оштетениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди со кои му бил загрозен животот“, соопшти Обвинителството.
Убиецот во обид е веќе во притвор, а од ОЈО бараат мерката да му се продолжи.


