Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Насилници со мотор влечеле 12-годишно дете по улица во Драчево

Многу сериозен инцидент се случил вчера попладне во скопската населба Драчево, а во кој е повредено 12-годишно дете.

Според информациите од полицијата, двајца насилници се возеле на мотор, при што сопатникот го фатил за рака детето, а тоа паднало и со моторот продолжиле да го влечат по улица.

„На 25 мај oколу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице. Според пријавата, сопатник на моторот бил А.Х.(18) од Скопје, кого детето го познавало. Во еден момент А.Х. го фатил детето за рака, а моторот продолжил да се движи, по што малолетникот паднал и бил влечен по улицата“ соопшти МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Загина мотоциклист во тешка несреќа кај Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот