Нашите најдобри ракометари ќе играат на СП во Египет!?

Фото: macedoniahandball.com.mk

Мустафа истакна дека и покрај пандемијата на коронавирус, нема да се одложи Мундијалот кој е планиран да се одржи од 14-31 јануари наредната 2021 година.

Наскоро очекуваме првите луѓе на светскиот ракомет да ги објават репрезентациите кои ќе добијат „вајлд-карта“ преку која директно ќе учествуваат на следното Светско првенство кое што ќе се одржи во Египет.

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа истакна дека и покрај пандемијата на коронавирус, нема да се одложи Мундијалот кој е планиран да се одржи од 14-31 јануари наредната 2021 година.

Освен нашата селекција која вчера ги доби ривалите во квалификациите за ЕП 2022, покана за настап чекаат уште Србија, Полска, Црна Гора и Русија.

ЕХФ ги откажа плејоф мечевите за СП поради Ковид-19, Македонија требаше да игра двомеч со Франција, а „триколорите“ како една од селекциите меѓу најдоброрангираните на последното ЕП директно се најде на светскиот ракометен собир.

Европа ќе добие две места, а според српските медиуми, најголеми шанси да добијат вајлд-кард се репрезентациите на Македонија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот