Народна банка продава возила по багателни цени

Народната банка објави оглас за продажба на подвижен имот – моторни возила по пат на усно јавно наддавање кое ќе се оддржи на 23.07.2019 година.

Станува збор за четири возила Ауди А6, Форд Мондео, Фолксваген Кеди и Цитроен Ц4 кои имаат „багателна“ почетна цена.

– Сите заинтересирани лица можат да ги разгледаат моторните возила секој работен ден почнувајќи од 27.06.2019 година во период од 11:00 до 13:00 часот. За разгледување на автомобилите заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3108-106 или 02/3108-416 – соопшти НБРСМ.

Заинтересираните лица кои ќе учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество, која е достапна на веб-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија (http://www.nbrm.mk), или да ја подигнат од архивата на Народната банка на Република Северна Македонија.

За повеќе информации можете да го погледнете огласот објавен од страна на Народната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот