Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 15 јануари 2020 година e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на присутните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика, при што беше одлучено основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25% на 2,00%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 15 јануари 2020 година e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, Комитетот оцени дека економскиот раст остварен во првите три квартали од 2019 година, од 3,6%, е во согласност со проекциите за овој период од годината, а расположливите високофреквентни показатели за октомври-ноември се во согласност со очекувањата за поумерен економски раст во последниот квартал од годината.

Прочитајте и...  Рудникот Саса казнет 50 илјади евра

Кога станува збор за промените кај потрошувачките цени, oстварената просечна годишна стапка на инфлација за целата 2019 година од 0,8% соодветствува со октомвриската проекција, односно е незначително под проектираната стапка од 1%. При инфлација што е нешто пониска од проектираната во октомври минатата година, како и при надворешни влезни претпоставки ревидирани во дивергентни насоки, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 1,5% засега се оценуваат како урамнотежени. Неизвесноста околу движењата на цените на примарните производи на светските берзи и натаму е главниот фактор на ризик за проекцијата на домашната инфлација за следниот период.

Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка. Показателите за адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие и натаму се во сигурната зона. Според расположливите показатели за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена за периодот октомври-ноември засега упатуваат на можност за остварување повисок трговски дефицит во однос на проекциите за четвртото тримесечје. Последните расположливи податоци за нето-откупот од менувачкото работење, заклучно со втората декада на декември, укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватни трансфери согласно со проекциите за четвртото тримесечје.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за декември покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, при што остварувањата не упатуваат на поголеми отстапувања од проекцијата.

Прочитајте и...  Во моментов во нашата земја има 15 активни толкувачи на знаковниот јазик

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните деловни банки се намали, при комбиниран ефект од растот на денарската готовина пред новогодишните и божиќните празници и на денарските депозити на државата, но при натамошен раст на денарските средства врз основа на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Имено, во декември, Народната банка интервенира со откуп на вишокот девизна ликвидност (во износ од 32,5 милиона евра), којшто беше резултат на повисоката понуда на девизи од физичките лица и менувачниците, што е вообичаено за крајот на годината. Релативно поволните движења на девизниот пазар, заедно со активниот пристап на управување со девизната актива од страна на банките, беа најзначајните фактори поради кои и во текот на целата 2019 година, интервенциите на Народната банка на девизниот пазар придонесуваа за откуп на понудениот вишок на евра од банките. Во такви услови, вкупниот откуп во 2019 година достигна 399,65 милиони евра, што претставува историски највисок износ на годишно ниво.

И покрај намалувањето на денарската ликвидност, банките и натаму имаа релативно солидна ликвидносна позиција во домашна валута, што и во овој анализиран период придонесе за слаба потреба од нивно задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Банките и натаму го насочуваа вишокот денарски средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти и други видови инвестиции.

Прочитајте и...  Тешко повредено 8-годишно дете кај Шарена Џамија во Тетово

Во декември, преовладуваше претежно позитивно расположение помеѓу учесниците на меѓународните финансиски пазари, за што главно придонесоа информациите околу постигнувањето согласност за „првата фаза” од трговскиот договор помеѓу САД и Кина. Во такви околности, интересот на инвеститорите беше насочен кон поризични финансиски инструменти, што придонесе за натамошен раст на цените на акциите на светските берзи, раст на приносите на државните обврзници и депрецијација на САД-доларот. Централните банки на глобално ниво и натаму спроведуваат експанзивни монетарни политики, што воедно беше карактеристика и за целата 2019 година. Од друга страна, на почетокот на јануари 2020 година, засилените геополитички тензии на Средниот Исток имаа привремен ефект на зголемување на побарувачката за безбедни инструменти, што, пак, се одрази со намалување на нивните приноси.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се малку поповолни во однос на претходната оцена. Ризиците и понатаму постојат, поради што Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.

Прочитај повеќе

Отворени 57-те Рацинови средби

Слободен печат

Претседателите Пендаровски и Пахор на показна вежба на армиските специјалци во Охрид

Слободен печат

Радев нема да формира нова партија во Бугарија

Слободен печат

Нелоски обвинува за манипулации во Фондот за иновации

Слободен печат

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Слободен печат

Крстовден се празнува во Манастирот во Рајчица

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Зеленски на местото на падот на украинскиот воен авион „Ан-26″

Слободен печат

Хоџа вети поддршка од 200 милиони евра за земјоделците и субвенции

Слободен печат

Георгиевска: И во време на пандемија се реализираат странски инвестиции, градиме нова, развојна економија

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не поседува доблест и одговорност и покрај 721 смртни случаи

Слободен печат

МВР: Без маски фатени и казнети 630 лица

Слободен печат

Хоџа: Помагаме да се откупи голем дел од грозјето за да го избегнеме најлошото

Слободен печат