Наркотици на стадионот, илјадници евра во домот: Откриено што му одзеде полицијата на Вељко Беливук

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Владо Драганиќ, наводно еден од членовите на групата на Веља Невоља, кој е сопственик на куќата во Ритопек каде се случувале најстрашните злосторства на оваа криминална организација, на сослушувањето пред Обвинителство се бранел со молк, дознава Блиц.рс.

Според информациите на Блиц, Драганиќ како и сите останати членови на групата на Беливук молчел пред обвинителот, а тој планира својата одбрана да ја изнесе откако со кривичната пријава ќе бидат покажани доказите кои полицијата ги собрала против него. На него после задржување од 48 часа, му е одреден притвор до 30 дена.

Во викендицата во Ритопек, за време на увидот на полицијата биле пронајдени и одземени конкретни материјални докази и ДНК траги кои би требале да послужат во истрагата која се води против организираната криминална група која ја предводел Беливук, како и Марко Миљковиќ.

Полицијата исто така пронајде и сеф во кој биле скриени неколку десетици илјади евра.

– Посебно внимание по отворањето на сефот предизвика голем синџир со клучеви за кои се уште не познато од што се и што се наоѓа зад вратите кои ги отклучуваат. Судејќи по тоа дека се чувани во заклучен сеф, сигурно имаат голема важност за шефовите на групата Беливук и Миљковиќ, рече претходно извор за Блиц.

Покрај тоа пронајдени се и оружје, пиштол и специјални цевки за снајпер, а како што се сомнева, во викендицата се убиени три мажи – Горан Величковиќ Гокси, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ.

Според Блиц, при претресот на куќата на Вељко Беливук полицијата одземала 31.700 евра, како и 360.000 динари. Иако во јавноста се појавија информации дека при претресот била приведена неговата сопруга, според Блиц таа се уште е на слобода.

При претресот на бункерот на Веља Невоља на стадионот на ФК „Партизан“ полицијата пронашла и наркотици. Според Блиц, станува збор за 100 грама од два наркотици – повеќе од 90 грама марихуана и неколку грама кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот