Фото: Коце Трајановски / Фејсбук

Напукнал ѕид од подвозник на автопат, на увид му дојдоа директор, пратеник и градоначалник

„Поради покажани деформации и пукнатини на потпорен ѕид на еден подвозник на скопската обиколница на државниот пат А2“, Јавното претпријатие за државни патишта презело активности кои вклучувале увид во состојбата на ѕидот од страна на тројца високи функционери – директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, им ги објаснува на колегите-функционери плановите за поправка на пукнатиот ѕид / Фото: Коце Трајановски / Фејсбук

-Согласно со проект предвидено е репроектирање на површинскиот канал за насочување на водата кон пропустот; чистење на постоечкиот пропуст; реконструкција на централната дренажа во телото на патот; реконструкција на левата дренажа; отстранување на постојната, вклучително и шахтите, и поставување нова линија со цевки; реконструкција и рехабилитација на коловозната конструкција; санација на пукнатини на крајниот столб на потпатникот со инектирање; изведба на дополнителни барбакани за дренажа на водите од телото на насипот, итн., велат од ЈПДП.

Санацијата на подвозникот ќе чини околу 300.000 евра, а таа ќе трае цела година.

Мораше ли да згаснат пет животи? Властите допрва ќе реагираат за „црната точка“ на новиот пат Прилеп-Градско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот