• скопска обиколница

Маж пријавил дека со пиштол пукале кон неговото возило на скопската обиколница

Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје М.Т.(21) од Скопје, пријавил дека на обиколница пред клучка с.Волково-с.Орман, додека се движел со своето патничко возило, од друго возило во движење едно лице со пиштол испукало кон неговото возило, информира МВР. Како што информираат од полицијата повредени лица нема, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.