Фото: 24 Инфо / скриншот

ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, се вози бавно и по една лента

Тежок судир на два автомобила попладнево се случи на скопската обиколница, објави „24 инфо“.

Според порталот, несреќата се случила меѓу Визбегово и Радишани. Сообраќајот се одвива по една лента, а полицајци го обезбедуваат местото.

Според МВР, двајца луѓе се пренесени во болница по несреќата.

„Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот