Направете сами велигденско дрво на среќата: Едноставна декорација која внесува радост во домот! (ВИДЕО)
Време имате колку што сакате, па така оваа година нема изговори вашиот дом да не биде совршено декориран за празникот. Велигден се ближи, а ние ви предлагаме да го направите дрвото на среќата кое ќе го развесели вашиот дом и ќе внесе добра енергија.
Со ова дрво ќе го внесете празничниот дух во вашиот дом, а за негово правење потребни ви се само неколку работи. Една гранка, малку фарба, пластични јајца и саксија. Употребете ја имагинацијата и креирајте дрвце по ваш вкус.
Наш предлог е да биде што пошарено, а покрај јајцата можете да додадете и украси во облик на зајчиња, пилиња… се што ќе ви падне на памет, а асоцира на Велигден. Повеќе од овие украси можете сами да ги направите со малку труд и едноставни алатки.
Погледнете го ова едноставно видео кое покажува како сами да ја направите декорацијата (пиштолот за силиконски лепак може да се најде во продавниците за техника по износ од околу 300 денари, но доколку не сте во можност да купите во моментов, пробајте со обичен супер-лепак или лепак за текстил):
Погледнете ги и фотографиите од луѓе ширум светот кои веќе го направија ова велигденско дрвце и пронајдете идеи за украсување во вашиот дом: