Направете сами: Природно средство против крлежи и болви за вашите домашни миленици

Крлежите и болвите се неповикани и непријатни гости на вашиот домашен миленик. Особено здодеваат во текот на пролетта и воопшто во потоплите денови – а кога ќе дојдат „на гости“, тие не знаат да си заминат.

Болвите и крлежите се хранат со крвта на вашиот домашен миленик, по убодот пак, следува здодевно чешање, додека чешањето може да предизвика и појава на ранички.

Секако, постојат ампули за да се превенира појавата на крлежи и болви, но ефикасно средство против овие здодевни гости може да направите и сами.

Како да направите природно средство?

Јаболков оцет и вода, се основни намирници за да го направите средството против болви и крлежи.

100 мл јаболков оцет помешајте со 200 мл вода, додадете лажичка сода бикарбона и лажичка сол, а потоа убаво премачкајте го со растворот вашиот домашен миленик.

Бидете внимателни во пределот на главата, вратот и меѓу нозете зашто тука кожата има помалку влакна. Особено внимавајте смесата да нема контакт со очите на миленикот.

Овој препарат делува на тој начин што јаболковиот оцет ја намалува ПХ вредноста на кожата на кучето и таа станува неподнослива за паразити.

Ефикасно средство против крлежи и буви може да направите и со лаванда, лимон и рузмарин. Помешајте од трите состојки и премачкајте го вашиот домашен миленик. Предноста на овој препарат е и во тоа што кучето убаво ќе мириса.

Доколку овие природни препарати не му помогнат на миленикот, сепак ќе биде потребно да набавите специјална ампула за оваа намена.

Видео на денот