Наполи веќе наоѓа замени за Конте доколку стане нов селектор на Италија
Доста се шпекулира околу тоа кој би бил новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација по неуспехот да се пласира на Светското првенство 2026.
Препорачано
Во италијанските медиуми кружи името на Антонио Конте кој моментно е тренер на Наполи чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Николо Скира на социјалните мрежи објави дека раководството на Наполи е информирано за желбата на главниот тренер Антонио Конте да ја преземе функцијата селектор на италијанската репрезентација и веќе наоѓа можни замени доколку тој си замине од Неапол.
Конечната одлука ќе биде донесена само ако Конте навистина го напушти Неапол за да ја преземе италијанската репрезентација.
Конте стана тренер на Наполи во 2024 година. Со клубот досега забележа 51 победа, 17 нерешени и 16 порази. Минатата сезона, Конте го предводеше Наполи до титулата во Серија А и до италијанскиот Суперкуп.
If Antonio #Conte leaves #Napoli to return to Italy National Team, Napoli will evaluate Vincenzo #Italiano and Enzo #Maresca. There are also Daniele #DeRossi and Fabio #Grosso in #Manna’s list among the young coaches as possible Conte’s replacement. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) April 7, 2026


