Напиток кој е замена за инфузијата при итен случај

Фото: EPA-EFE/PETER KOMKA

Доколку на некој ненадејно му се слоши, а вие имате прилика да му помогнете, не е лошо да знаете дека постои напиток кој е замена за инфузијата во итни случаи – кога лицето не може да чека да стаса до болница.

За напитокот дознавме од студентите на Медицинскиот факултет, кои за него учеле на предавањата по педијатрија. Станува збор за решение за итна ситуација, додека се чека вистинската лекарска помош и никако не може да ја замени оригиналната инфузија, но може да помогне телото да издржи и да се поткрепи.

Инфузијата инаку е незаменлива кај дехидрацијата, мачнината, дијареата, труењето со храна, падот на имунитетот, вирусните и бактериски ифекции, алергиите, омалаксаноста, изгорениците, температура, по хемотерапијата, стрес и исцрпеност, премор, мигрена…

Во повеќето случаи се дава во болниците при лекување на болните лица, како и во амбулантите, кога ќе дојде некој пациент на кој од некоја причина му е лошо. Може да се даде и во домашни услови од страна на патронажна сестра, што е особено олеснувачки доколку се работи за болно лице кое не може да се движи.

Инфузијата во вена потребно е да ја даде исклучиво медицинско лице.

Фото: Профимедиа

Но доколку се случи итна ситуација, на некој кој се чувствуваа лошо можете да му помогнете со следниот напиток…

Во еден литар вода треба да додадете:
две супени лажици шеќер или мед
половина лажичка сол
четвртина лажичка сода бикарбона
половина шолја сок од портокал

Тоа што е добро кај овој напиток „за недај Боже“ е тоа што овие продукти речиси секој постојано ги има во домот.

Секако, доколку на некој сериозно не му е добро, потребна е итна медицинска помош од медицинско лице. Напитокот служи како привремена поддршка, но кога станува збор за здравјето, медицинското лице го има главниот збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот