Напаѓачот во Њу Орлеанс сакал да убие „што е можно повеќе луѓе“, но тоа не било тероризам
Маж кој влетал со камионeт во луѓе во Њу Орлеанс се обидел да убие „што е можно повеќе луѓе“, соопшти полицијата на тој американски град, додавајќи дека напаѓачот е убиен, пренесува Си-Ен-Ен.
Препорачано
Напаѓачот на историската улица Бурбон имал голема желба да „предизвика масакр“, изјавила полициската службеничка Ен Киркпатрик, а пренесува агенцијата Франс прес. Според досегашните податоци на итната помош најмалку десет лица загинале, а неколку десетици се повредени. Напаѓачот е убиен, јавува Си-Ен-Ен.
Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци, додавајќи дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.
Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци.
„Тој човек, сторителот, пукал во нашите полицајци од своето возило кога излетал. Нивната состојба е стабилна“, изјави Киркпатрик.
Американското Федерално истражно биро не го третира инцидентот со автомобил во Њу Орлеанс како терористички напад, изјави специјалниот агент на ФБИ, Алетеа Данкан.
„Ние ќе ја преземеме истрагата за овој настан. Ова не е терористички напад. Она што во моментов е потврдено е дека на местото на настанот се пронајдени импровизирани експлозивни направи и работиме да потврдиме дали се работи за функционални направи или не“, рече Данкан на прес-конференција.


