Напаѓачи пукаа во наргиле-бар во Штутгарт

Сторителот или сторителите пукале вкупно во два прозорци во зградата, во која има и фитнес салон.

Неидентификувани напаѓачи пукале кон прозорците на наргиле-бар  во Штутгарт, јави ДПА, повикувајќи се на полициски портпарол. Во инцидентот нема жртви.

Вработен во барот ги забележал штетите вчера попладне. Според истрагата, во тоа време немало луѓе во зградата. Сторителот или сторителите пукале вкупно во два прозорци во зградата, во која има и фитнес салон.

Не е познато какво оружје е користено. Пред само неколку дена во градот Ханау, 43-годишен Германец застрела 9 лица со странско потекло, напаѓајќи баровите, каде што се користи наргиле, потсетува ДПА. Тој подоцна ја уби својата мајка и се самоуби. За него се смета дека дејствувал со расистички мотиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот