ВИДЕО: Наместо за Македонија, Андреа Нисева освои златен медал во борење за Бугарија

Андреа Нисева со златниот медал на Балканското првенство во Романија/фото: BK Olimpija Stip

Пред три години ја промовиравме дека станува збор за голема надеж на македонското женско борење, со остварувањето на нејзините големи успеси.

И наместо тоа да се продолжи во боите на нашата земја, годинава од боречкиот клуб „Олимпија Штип“ информираа дека талентираната боречка Андреа Нисева реди успеси во и за Бугарија.

Тогаш имаше шампионски настап, во категоријата до 46 килограми го освои првото место и стана шампион на Бугарија до У-15. И покрај сите напори од БК Олимпија да им овозможи на своите борачи да се натпреваруваат во Македонија, вчудоневидени се од игнорантскиот однос на федерацијата да му дозволи на клубот да учествува во системот на натпревари. БК „Олимпија“ е суспендирана по желба на федерацијата. Повеќе прочитајте ТУКА

Нисева оствари уште еден голем успех, таа стана шампионка на Балканското првенство во Романија, со победи над репрезентивки од Романија, Хрватска и во финалето Косово.

– За жал не настапи за Македонија, овој нејзин резултат влегува во успесите на Бугарија, бидејќи не ѝ е дозволено да ги брани боите на својата татковина – пренесуваат од борачкиот клуб „Олимпија Штип“.

Видео извор: mnet.mk

Македонија освои златен медал во Букурешт, Омер Мемеди е балкански шампион

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот