Македонија освои златен медал во Букурешт, Омер Мемеди е балкански шампион
Македонската репрезентација во борење ја претставува нашата држава на Балканското првенство за возрасни категории У15 и У17 во Букурешт, Романија, од 26 до 30 октомври 2022 година.
Препорачано
Македонија ја претставуваат 37 борачи во машка и женска конкуренција во повеќе тежински категории. Освен од Македонија и Романија, има и натпреварувачи од Молдавија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Косово и Словенија.
Омер Мемеди во возрасна категорија У15 успеа во категоријата 68 килограми да се закити со златниот медал откако во финалната борба со 4:2 триумфираше против Флуераи С. од Молдавија. Златен медал освои и Мердијан Џелили (41 кг.), додека „сребрен“ е Марио Ананиев во категоријата 44 кг. Ананиев кој тренира во БК Олимпија, се натпреваруваше за БК Бучим Радовиш.
Женската Боречка Федерација се закити со медали на Балканско Првенство У15, Ангела Трајковска дојде до среброто во категоријата 39 кг., а Садије Дура е „бронзена“ во категоријата 46 кг.
Како што информираат од федерацијата до бронзен медал дојде Трим Исмаили (57 кг.), а полуфинални борби ќе имаат Тамара Цветкоска (54 кг.) и Мелани Младеновска (65 кг.).


