Наместо црвен конец на раката, носете зелен или син: Еве зошто!

Фото: Профимедиа

Сите знаеме за „моќта“ на црвениот конец околу рачниот зглоб, а дали знаете зошто се носат и конци во други бои?

На нашите простори, најраспространето верување е дека треба да се носи црвен конец околу рачниот зглоб, со цел да се заштитиме од лошите нешта, магиите и сл. Ова верување е толку познато и вкоренето што конецот некои го врзуваат за бебиња веднаш по нивното раѓање.

Сепак, покрај црвената, се носат и конци во други бои, бидејќи се верува дека тие имаат значително влијание врз судбината и привлекуваат добри работи во животот.

Зелен конец

Верувале или не, зелениот конец е една од најстарите амајлии, иако нас можеби не ни е толку позната. Се носи за да привлече просперитет. Се верува дека ви помага да излезете како победници од секоја ситуација, да растете и полесно и побрзо да се развивате и да станате успешни.

Фото: Профимедиа

Темно зелен конец

Се верува дека со помош на овој конец создавате пријатна животна атмосфера и дека треба да се носи пред важни разговори и состаноци.

Портокалов конец

Овај конец многумина го носат постојано, бидејќи се верува дека привлекува среќа и штити од разни болести.

Фото: Профимедиа

Розев конец

Претежно го носат жените бидејќи наводно го подобрува растот и протокот на женска енергија. Библиската кралица Саба, позната по својата извонредна убавина и мудрост, наводно секогаш носела розев конец околу рачниот зглоб.

 Жолт конец

Се верува дека штити од црната магија и болестите и ви помага да постигнете успех на сите полиња.

Фото: Профимедиа

Син конец

Ова е најпознатата боја за привлекување среќа и успех во бизнисот, што наводно ви помага да ги победите своите ривали. Синиот конец го симболизира мирот, така што наводно ви помага и подобро да се концентрирате на задачата и да го доведете умот во состојба на хармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот