Наковска-Бикова шеста во дисциплината воздушен пиштол на Параолимписките игри

Наковска Бикова по петти пат учествува на Параолимписки игри/Фото: Македонски Параолимписки комитет

Единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска-Бикова, го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска-Бикова во финалето оствари резултат од 147.9 што беше доволно за шесто место. Златниот медал и припаднa на Сарех Јаванмарди, втора беше Пехливанлар од Турција додека третото место го освои Унгарката Давид.

Оливера Наковска-Бикова ќе настапи во уште две дисциплини на Параолимписките игри во Токио, во пиштол од 25 метри на 2 септември и пиштол слободен избор од 50 метри на 4. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот