Најубавите оперски куќи во светот

Овие оперски куќи му пркосат на времето. Тука, ќе посакате да се вратите повторно и повторно…

Помалку е повеќе? Не, повеќе е повеќе, кога станува збор за Тенерифе Опера Хаус, отворена во септември 2003 година, во главниот град на Тенерифе, Санта Круз. Спектакуларната оперска куќа е дизајнирана од шпанскиот архитект Сантиаго Калатрава и е многу повеќе од објект кој личи на гигантски бран, а овој бран е многу повеќе од бран – тој остави најголем печат на модернистичкиот стил кој доминираше во архитектурата на 20.век. Токму модернистичките архитекти инспирацијата ја црпеа од минатото, и тоа не од било кое минато, туку од делата на шпанскиот гениј Антони Гауди, кој останува незаборавен по Ла Саграда Фамиља. Влијанието на Гауди се гледа и во Сиднеј Опера Хаус, како и во TWA Терминал во Њујорк. Но шпнаскиот архитект Калатрава сакаше да покаже дека Гауди треба да си остане во минатото зашто луѓето се гладни за нови форми, за нови изразувања. Тоа и го покажа на дело. Тенерифе Опера Хаус личи на бран, но личи и на крило на птица во лет, ама личи и на школка. Ве остава да размислувате.

3.500 тонскиот концерн во својата внатрешност содржи две концертни сали. Поголемата сала има 1.668 седишта. Архитектот кој најчесто за своите дела (скулптури и цртежи) ја наоѓаше инспирацијата во природниот свет, откри дека формата на оваа Опера произлегла од неговата глава од Моунт Теиде, познатиот вулкан во Тенерифе, кој е туристичка атракција.

Со Тенерифе Опера Хаус дефинитивно Калатрава стана супер-ѕвезда во архитектурата. Знаејќи го тоа, самоуверениот архитект на прашањето каква функција има неговиот бран, одговара – Никаква!

Таква, иста како на Пјермарини!

Кога миланската оперска куќа наречена Реџо Дука Театро изгоре во 1770 година, австриската императорка Марија Тереза (која во тоа време владееше со Милано) му нареди на архитектот Џузепе Пјермарини да дизајнира нов оперски дом на истото место. Пјермарини направи пет слични верзии се додека не му беше одобрена финалната, и така изникна Милано Театро ала Скала, денес позната по своето кратко име Ла Скала.

Profimedia

Неокласичниот архитект преку овој објект сакаше да го претстави Аполон во неговата триумфална кола, но внатрешноста на Скала, која искрено „пее“, испадна пријатна и блиска со своите 1.800 седишта. И токму тоа стана она волшебното во овој театар кој набргу стана дом на најголемите италијански композитори, Доницети, Белини, Росини и Верди. Самиот Џузепе Верди компонираше за оваа бина, а тука тој ја постави и својата прва опера Оберто, во 1839-та година, и на оваа бина повторно се врати доцна во својот живот, по забраната од управителот да не стапнува тука цели 20 години! 20 години подоцна, Џузепе Верди во миланската Скала ги постави своите последни мастерписи, премиерно, Отело во 1887 година и Фалстаф во 1893 година.

Добар дел од 20. век Ла Скала беше во сопственост на нобелските семејства, се до Втората светска војна кога оперската куќа беше уништена. По завршувањето на војната, миланезите кои беа најгорди на својот театар, одлучија да го издигнат одново пред било-која друга конструкција во градот, да ја реобноват Ла Скала дури и пред да ги изградат одново болниците. Поради контроверзното ремоделирање на ентериот во 2002 година, Ла Скала беше затворена, а кога повторно ги отвори вратите блесна во оригиналниот дизајн на Пјермарини, иако локалните реставратори ја изразија својата скептичност.

Дух меѓу гостите

Францускиот композитор Клод Дебиси рече дека оваа оперска куќа ќе го потсетува на турска бања. Лондонскиот „Тајмс“ се шегуваше дека нејзиниот архитект, Чарлс Гарниер, пред да ја дизајнира се прејал пудинг, дури и императорката Еугенија, жената на патронот, го обвини Гарниер – „Каков е овој стил? Ова не е стил, ова не е ни грчко, а не е ни Луј 15-ти, ни Луј 16-ти“. Одговорот следуваше. „ Ова е стил на времињата. Ова е стил на Наполеон Трети, а вие се жалите самата себе!“

Наречете ја како сакате, но Париз Опера Хаус е најславниот оперски објект во светот. Таканаречената Пале Гарниер засекогаш ќе остане дом на новелистот Гастрон Леру и на неговиот Фантом.

Гарниер победи на конкурсот објавен за изградба на оперска куќа во Париз, во 1861 година, кога имаше само 32 години. Но објектот беше дозволено да се гради дури во 1878 година, осум години по падот на Наполен Трети. Во тоа време Париз уживаше во својата Belle Epoque, па објектот на Гарниер одлично се вклопи во целата таа атмосфера. Всушност, публиката доаѓаше во Операта не за да види, туку за да биде видена.

Profimedia

Денес пак, милионите туристи кои доаѓаат да ја видат Париз Опера Хаус често се разочарани што објектот не е изграден во близина на вода, покрај реката, како што многумина замислуваат водејќи се според преданијата за „Фантомот“ кој живеел во куќа изградена над езеро. Но таткото на Фантомот на Операта, новелистот Гастон Леру, никогаш не лажел. Под овој објект навистина некогаш имало вода, која подоцна била извлечена со пумпи. Долги години Париз Опера Хаус беше дом и на париската Национална опера и балет, но со стареењето на градбата во 1989 година тие се префрлија во нов театар – во Опера Бастилии, еден од големите проекти иницирани од претседателот Франсоа Митеран.

Во 1999 година започна големата реобнова на старата Париз Опера Хаус, а главната фасада беше рефиниширана во 2.000-та година. Реставрацијата на главното лоби, салата и целиот ентериер заврши во 2007 кога повторно заживеа старата „свадбена торта“ на Гарниер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот