Најубавата југословенска актерка загинала во сообраќајна несреќа 40 дена по породувањето

Eдна од најубавите југословенски актерки, Ена Беговиќ, на денешен ден пред 21 година, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Брач.

Несреќата се случила во моментите на нејзината најголема среќа во животот, кога станала мајка и уживала во првите месеци од брачниот живот. На возраст од 40 години, во летото 2000 година, Ена ја родила ќерката Лана.

Хрватската актерка Ена во осумдесеттите години важела за една од најпосакуваните жени на овие простори, а како што се пишувало, во животот единствено се плашела од летање со авион и возење во автомобил.

Како што подоцна раскажувале нејзините пријатели, актерката ја претчувствувала својата смрт, а стравот бил толку голем што дури побарала и стручна помош за да се ослободи од него.

Како што истакнувале оние што ја познавале, фобијата на актерката дополнително се влошила по сообраќајната несреќа што ја имала во 1996 година, во кој еден мотоциклист го загубил животот, а нејзин пријател бил тешко повреден.

Ена била и виновник за таа несреќа и била осудена на три години условна казна, а од психичкиот шок што го доживеала тогаш, никогаш не се опоравила.

Најголемата поддршка во тоа време ѝ пружал нејзиниот сопруг Јосип Радељак, претприемач и електроинженер со кого ја добила ќерката Лана. За жал, Ена уживала во мајчинството само месец и половина.

Имено, на 15 август 2000 година, Ена заедно со Јосип, неговиот син Лео, својата мајка Тереза ​​и ќерката Лана отишла во посета на еден пријател.

Во местото Сплицка, Лео Радељак закачил камен и го скршил светлото за магла, па поради тоа одлучил да се замени со својот татко и да му го препушти воланот. Кога застанале на еден рид и двајцата излегле од возилото, автомобилот почнал да се лизга, па и Ена и нејзината мајка се обиделе да излезат со бебето. Сепак, џипот заврши во бездната.

Нејзината мајка Тереза ​​тогаш се здобила со повеќекратни повреди, а и малата Лана завршила во болница. За жал, на Ена Беговиќ ѝ немало спас и наскоро им подлегнала на повредите.

Цела Југославија тогаш тагуваше по убавата и икслучителна актерка, а потоа следуваа години судски рочишта и многу се пишуваше за тоа кој, всушност, е виновен за несреќата. Се спомнуваше дека можеби во прашање е фабричка грешка на автомобилот, а судењето траеше сѐ до 2007 година. Лео Радељак беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност, а официјално беше соопштено дека несреќата е предизвикана  од неисправниот менувач на возилото.

Ена има сестра Миа, која е позната хрватска актерка, а вака зборувала за својата сестра пред неколку години.

– Таа беше прекрасна сестра, на моменти и премногу грижлива како мајка. Имавме сличен став кон животот и уметноста. Таа имаше фактор Х и беше единствена, вистинска дива. Онака русокоса делуваше романтично и нежно, но поседуваше голема внатрешна сила – рекла Миа пред неколку години.

Лана денес има 21 година и е вистинска убавица, а многумина ја споредуваат со славната мајка.

Ена првата значајна филмска улога ја имала во 1981 година во „Падот на Италија“. Нејзината можеби најпозната улога е онаа на баронесата Кастели во „Глембаеви“, за која ја освои „Златната арена“ во 1988 година за епизодна женска улога, но ја одби наградата затоа што таа улога ја сметаше за главна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот