Најубавата Југословенка и денес е ЖЕНА ИПОЛ – Поради голите фотки не успеа да биде Мис на светот! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоЖенаМагазинШоу биз

Најубавата Југословенка и денес е ЖЕНА ИПОЛ – Поради голите фотки не успеа да биде Мис на светот! (ФОТО)

Мис на Југославија стана во 1983 година, а беше на пат да стане и најубавата жена во светот.

Бернарда Маровт беше прогласена за најубава мисица на поранешна Југославија, а иако поради разголените фотки остана без титулата Мис на светот, нејзината убавина до денес не избледела.

Атрактивната Словенка денес е многу активна на Инстаграм, а нејзините фотографии докажуваат дека и на прагот на шестата деценија изгледа сензационално.

Неодамна имаше и манекенски ангажман. Таа сними кампања за мариборската дизајнерка на чевли Ингрид Логар.

Мис на Југославија стана во 1983 година, а беше на пат да стане и најубавата жена во светот. Влезе во првите 25 на светскиот избор за Мис во Лондон каде беше и фаворитка, но еден скандал ја чинеше титула.

Во магазинот „Старт“ беа објавени нејзини разголени фотографии поради кои остана без прилика да биде прогласена за Мис на светот. Организаторите дознаа за фотографиите па така таа беше дисфалификувана.

Тој примерок од магазинот „Старт“ бил продаден во дури 350.000 примероци, а во Лондон беше прогласена за Мис фотогеничност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close