Најтежок период на работата: Нема слободен кревет во главната српска ковид болница во Батајница

Фото: youtube/printscreen

Државните секретари во Министерството за здравство одржаа состанок со раководството на главната ковид болница во Батајница, Србија, по повод епидемиолошката состојба во земјата, а директорката Татјана Аџиќ Вукичевиќ, по состанокот изјави дека „ова е најтешкиот момент во работата на болницата”.

Таа изјави дека капацитетите на болницата се исполнети и дека во моментот во неа има 915 пациенти.

– Дојдов во ситуација да барам место повеќе, да стравувам од секој телефонски повик, од молбите на колегите од очај да се прими уште еден пациент, кажа Татјана Аџиќ Вукичевиќ.

Таа оцени дека ова е пресвртница за функционирањето на здравствениот систем во Србија, да ако не се посвети внимание на вакцинирањето „буквално нема да не биде”, како и да никаде во Србија нема да има слободен кревет. Таа додаде дека сите вработени прават деноноќни напори и дека се на работ на менталната и физичка исцрпеност.

– Апелирам да одговориме на масовната вакцинација, бидејќи само вакцината може да нè спаси од оваа ужасно тешка состојба, кажа Татјана Аџиќ Вукичевиќ.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Берислав Векиќ, изјави дека во сите клиничко-болнички центри и ковид болници во Србија ситуацијата е сериозна и тешка.

– Секојдневно се соочуваме од 150 до 180 повеќе хоспитализирани во однос на бројот на отпуштени од болниците. Во претходните 24 часа на целата територија на Србија хоспитализирани се 808 граѓани , а само 640 се отпуштени, кажа Векиќ.

Во вторникот директорот на белградската Клиника за инфективни болести, Горан Стевановиќ, предупреди дека во болниците има места за само уште 24 часа.

Од 25 декември кога започна имунизацијата во Србија, дадени се повеќе од два и пол милиони вакцини и според денешните податоци 1.005.909 милиони граѓани се ревакцинирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот