Најстариот италијански фудбалски клуб има нов сопственик

пандев
Горан Пандев со Џенова за четвртфинале ќе игра против Милан во италијанскиот Куп/Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Американскиот инвестициски фонд „777 Партнерс“ објави дека го купи најстариот италијански фудбалски клуб Џенова од бизнисменот Енрико Прециози.

Американскиот фонд веќе поседува 99,9 проценти од капиталот на клубот, ќе инвестира нови средства и „ќе преземе некои задоцнети долгови“, се наведува во официјалното соопштение, во кое не се наведени финансиски детали.

Прециози, кој поседува фабриката за играчки, ја презеде контролата врз Џенова во 2003 година, кога тимот беше во Серија Б. Џенова обезбеди промоција четири години подоцна и оттогаш игра во елитата.

И сезонава Џенова се очекува да се бори за опстанок во Серија А, моментно после пет кола е на 16 позиција со четири бодови.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев одлучи уште една година година да ги брани боите на клубот од „Луиџи Ферарис“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот