Најскапите 10 фудбалски трансфери во зимскиот преоден рок
Се спушти завесата на преодниот рок во најсилните европски лиги. Иако по непишано правило е најактивен во летниот преоден рок, оваа зима не потфрли на фудбалскиот пазар.
Препорачано
Посебно во Премиер лигата каде Манчестер сити за нови засилувања потроши над 200 милиони евра.
Тимот на Пеп Гвардиола го засилија Омар Мармуш (75.000.000 евра), Нико Гонзалес (60 милиони), Абукодир Хусанов (40 милиони), Виктор Реис (37 милиони), или вкупно 212 милиони евра.
Рекордната продажба доаѓа и од Премиер лигата. Станува збор за трансферот Џон Дуран од Астон Вила во саудискиот Ал Наср, кој „тежи“ 77 милиони евра.
Топ 10 најскапи трансфери на зимскиот преоден рок 2025:
Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср), 77.000.000 евра
Омар Мармуш (Ајнтрахт – Манчестер Сити), 75.000.000
Хвича Кварацхелија (Наполи – ПСЖ), 70.000.000
Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити), 60.000.000
Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг), 50.000.000
Вандерсон Галено (Порто – Ал Ахли), 50.000.000
Абукодир Хусанов (Ленс – Манчестер Сити), 40.000.000
Виктор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити), 37.000.000
Луис Енрике (Ботафого – Зенит), 33.000.000
Сантијаго Хименез (Феенорд – Милан), 32.000.000


