Архива на СП

Најскапиот ориз на светот чини 100 евра за килограм и се јаде на посебен начин

Најскапиот, а според многумина и најдобриот ориз во светот доаѓа од Јапонија и чини околу 100 евра за килограм. Кинмемаи Премиум (Kinmemai Premium) се продава како луксузен подарок, во специјални пакувања од 840 грама.

Секоја нова серија ориз се распродава во рекордно краток рок, а најчесто се купува како бизнис подарок или за посебни пригоди. Годишно се произведуваат само околу 1000 пакувања. Позади овој ексклузивен ориз стои јапонската компанија „Toyo Rice Corporation“, предводена од Keiji Saika, денес 91-годишен, кој целиот свој живот го посветил на подобрување на квалитетот на оризот во Јапонија и неговата промоција на глобално ниво.

Секоја година Саика лично ги избира најдобрите сорти ориз, победници на меѓународните натпревари за оценување на вкусот. При изборот се земаат предвид не само вкусот и текстурата, туку и ензимите, кои се сметаат за показател на квалитетот на зрното.

По селекцијата, оризот поминува низ процес на стареење од неколку месеци, а токму комбинацијата на строгата селекција, бавниот процес на производство и исклучително ограничените количини го прави Кинмемаи Премиум уникатен производ. Поради високите трошоци и малите серии, проектот според зборовите на Саика не е финансиски исплатлив, но има големо симболичко и промотивно значење за јапонската земјоделска индустрија.

Професионалните готвачи кои го пробале ги опишуваат зрната како исклучително сјајни, јасно дефинирани и уедначени, со балансиран вкус, добра влажност и мека, но цврста текстура. Оризот најчесто се сервира сам, без додатоци, бидејќи така најдобро доаѓа до израз неговиот квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот