Најскапиот бек пред потпис со Јунајтед (ФОТО)

Ван-Бисака во наредните 24 часа треба да ги помине лекарските прегледи во Манчестер јунајтед, а потоа и се дознаат сите детали околу договорот.

„Скај Спортс“ пренесува дека првите луѓе на „црвените ѓаволи“ и Кристал Палас, каде што и израсна талентираниот десен бек, постигнаа значаен напредок во преговорите.

Клубот од Лондон претходно ја одби првата понуда од Манчестер јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не се откажаа од своите намери.

Новинарот на „Би-Би-Си“, Дејвид Орнштајн пишува дека фудбалерот ќе биде најскапиот десен бек во историјата на фудбалот. Се очекува Јунајтед да плати дури 55 милиони евра. Така, ќе го надмине Кајл Вокер за чии услуги Манчестер сити одвои 52.700.000 евра пред две години.

Има уште три години од договорот со Палас, а минатата сезона беше стартер на 35 натпревари во Премиер лигата. Тоа би било првото второ летно засилување, претходно го ангажираа Даниел Џејмс од Свонси за 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот