Најскапата банана во светот! Сара за неа дала 150.000 долари, а добила и упатство! Која е границата помеѓу уметноста и сензационализмот?

Познатата расправија за границата помеѓу уметноста и сензационализмот повторно е актуелна овие денови, благодарение на една банана.

Кога италијанскиот уметник Маурицио Кателан за ѕидот галерија „Арт Базел“ во Мајами со селотејп залепи банана, многумина се прашуваа дали тоа воопшто може да се нарече уметност. За тројца купувачи кои за оваа инсталација издвоија помеѓу 120.000 и 150.000 долари, одговорот е несомнено потврден.

Кателан е познат по тоа што може да крене „бука“ околу своите дела, па не чуди тоа што галеријата со денови беше посетена само за да направат селфи со најскапото овојше на светот, додека светските медиуми пишуваа дека „уметничкиот свет полудел за бананите“.

Делото е наречено „Комичар“, меѓутоа успеало да најде купувачи го сфатиле дека тоа е доста сериозно, така да за него издвоија огромна сум на пари.

 

View this post on Instagram

 

???

A post shared by Sarah Andelman (@sarahandelman) on

Два примероци, по цена од 120.000 долари за парче, заминаа во рацете на неименувани музеји, додека третото и најскапо издание за 150.000 долари го купила Сара Анделман од Париз.

Некогашната сопственичка на концепт-стор во француската престолнина рекла дека нејзиниот сопруг веќе ја залепил бананата на својата работна маса.

– Знаев дека бананата на ѕидот ќе биде феномен. Ако го оставиме хуморот на страна, секогаш се восхитував на работата на Кателан. Тој вистински го одржува апсурдот на нашето време – раскажала таа за „Скај стејтмент“.

Нејзината многу скапа банана, која би требало да ги натера луѓето да зборуваат за вредноста на материјалните добра, дошла со упаство за инсталација. Тоа вели дека бананата може да се залепи за било каква подлога и редовно да се менува кога претходната ќе скапе. Уметникот во тоа не гледа ништо спорно, бидејќи како што вели: „Луѓето редовно менуваат цвеќе во вазната“.

Откако уметникот од Њујорк, Дејвид Датун во саботата пред полна галерија ја одлепи бананата и ја изеде, нарекувајќи го перформанс на „Гладен уметник“, интересот за инсталацијата на Кателан порасна до максимум.

Изедената банана е заменета за нова, а посетителите доаѓале да ја видат во толку голем број, што поставката морала да биде повлечена од галеријата поради безбедносни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот