Најскандалозните фудбалски трансфери: Фиго, Кројф, Баџо, Оби Микел..!

twitter/Fotballfortellinger

На врвот е Мо Џонстон кој наместо да се врати во Селтик од позајмицата во Нант, ги шокираше навивачите со трансфер во Глазгов Ренџерс.

Во фудбалот постојат големи ривалства и непријателства, па трансферот од еден во друг омразен клуб е неопростлив за навивачите.

Минатото ни носи доста такви „предавства“, а познатиот „ЕСПН“ состави листа од Топ 10 најскандалозни трансфери во светот на фудбалот.

Трансферот на Луиш Фиго од 2000 година, кога дресот на Барселона го замени за Реал Мадрид, го „раздрма“ фудбалскиот свет.

Португалецот не се наоѓа на првото место, туку на втората позиција. На врвот е Мо Џонстон, кој 11 години подоцна направи нешто непростливо. Го носеше дресот на Селтик и замина на позајмица во Нант. И кога се очекуваше враќање во „зелено-белиот“ дел на Глазгов, следуваше шок и потпишување договор со најголемиот ривал Ренџерс.

Третопласиран е Сол Кембел од Тотенхем во Арсенал, на четвртото место е Роберто Баџо, кој од Фиорентина се пресели во Јувентус, додека петтопласиран е Јохан Кројф, легендата на Ајакс, а во текот на кариерата го носеше и дресот на жестокиот ривал Феенорд.

Листа на Топ 10 најскандалозни фудбалски трансфери според „ЕСПН“:

1. Мо Џонстон (Селтик – Ренџерс)
2. Луиш Фиго (Барселона – Реал Мадрид)
3. Сол Кембел (Тотенхем – Арсенал)
4. Роберто Баџо (Фиорентина – Јувентус)
5. Јохан Кројф (Ајакс – Феенорд)
6. Ешли Кол (Арсенал – Челзи)
7. Робин ван Перси (Арсенал – Манчестер јунајтед)
8. Џон Робертсон (Нотингем Форест – Дерби)
9. Карлос Тевез (Манчестер јунајтед – Манчестер сити)
10.Џон Оби Микел (Манчестер јунајтед – Челзи)

Треба да се напомене дека последниот трансфер, оној на Џон Оби Микел, не е направен директно од Манчестер јунајтед во Челзи, туку дојде до прекршување на веќе постигнатиот договор. Во 2005 година медиумите тврдеа дека играчот ги избрал „црвените ѓаволи“, па дури и виден во дрес со број 21, но во последен момент Челзи излезе со понуда, па Нигериецот мораше да се изјасни. Доби големи критики од „Олд Трафорд“, на крајот ги избра лондонските „сини“, оставајќи го Јунајтед како утеха со 15 милиони евра отштета за кршење на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот