Најпознатиот порно-актер обвинет за силување на три жени – Му се заканува казна затвор од 90 години

profimedia

Еден од најпознатите порно-актери Рон Џереми (67) е обвинет за силување на три жени и за сексуален напад на четврта, објавија во вторникот обвинителите во Лос Анџелес.

Рон, кој е една од најголемите sвезди на порнографските филмови и кој глумел во повеќе од 1.700 филмови од тој жанр, последните години го следат обвинувања за напади и не е пожелен на настаните организирани од индустријата за возрасни.Американецот е обвинет за четири одделни инциденти кои датираат од 2014 година.

инстаграм

Три инциденти се случиле во истиот бар во западен Холивуд, од 2017 до 2019 година, велат обвинителите. Наводното силување во 2014 година се случило во куќа во истата населба Лос Анџелес.

Наводните жртви биле на возраст од 25 до 46 години. Посебниот случај за 2016 година е отфрлен поради недоволно докази.

Доколку биде осуден, Џереми може да добие максимална казна од 90 години до доживотен затвор.
Обвинителите побараа да му се одреди кауција од 6,6 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот