Најпопуларниот актер на Балканот, Милош Биковиќ откри дека има македонски корени! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Изминатата година српската, но и руска кинематографија ја одбележа неговото име и презиме.

Важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата.

Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“ која што непосредно отварањето на кино салите ќе доживее своја премиера и во Македонија.

Милош Биковиќ вчеравечер беше гостин во „Бекстејџседидома“, а во рамки на гостувањето освен што зборуваше за својата кариера, исто така откри и дека има македонско потекло.

Имено, неговиот дедо бил од Берово, а актерот наскоро планира да дојде во Македонија и да го посети овој град.

Што се откри Биковиќ во интервјуто можете да видите во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот