Најмладите мајки во светот: Нивните приказни се неверојатно трагични и шокантни

unsplash

Фазата на мајчинство обично доаѓа младите девојки влегуваат во доволно зрел период за да донесат сопствени одлуки, кога телото веќе е оформено и органите се подготвени да го издржат новиот циклус.

Но, постојат и исклучоци кои модерната медицина не може да ги објасни во целост, како се случува чинот на забременување во недоразвиен детски организам. За жал, постојат случаи на девојки кои немале избор.

Светските здравствени организации постојано апелираат особено во маргинализираните и неразвиените заедници, да се посвети внимание и едукација за сексуалното здравје уште во најрана возраст. 

Еве неколку од најмладите мајки во светот кои со своите трагични, неверојатно грозоморни приказни го шокираа целиот свет:

Тереза / Принтскрин / Youtube

Прва на листата е Тереза Мидлтон која ја родила својата ќерка на само 12 годишна возраст, откако била силувана од нејзиниот 16 годишен брат Џејсон. На нејзиното девојче и го дала името Ана пред да ја даде на посвојување.

Саманта Гудман во 2003 година имала само 10 години кога го родила своето бебе во Зимбабве. Се верува дека таткото на бебето имал 12 години. Играјќи си заедно, нашле книга за секс и решиле да го испробаат она што го виделе во книгата. Таа открила што точно се случило дури на 16 години

Лора Марина Вланева се породила на 10 годишна возраст откако ја силувале пријателите на нејзината постара сестра.

Елена / Принтскрин / Youtube

Елена Циритеску беше главна тема во медиумите во 2010 година кога стана мајка на 10 години. Нејзиниот татко бил 13 години и бил нејзин братучед. Таа веќе не е во контакт со него, се преселила во друга држава.

Дафне родила бебе на само 9 години. Таа самата има 10 браќа и сестри, а таткото на бебето бил 17 годишно момче. Постои уште една приказна во која тие тврдат дека таа всушност имала 15 години кога се породила, и дека таткото на детето бил и нејзин татко.

Ваниса / Принтскрин / Youtube

Ванвиса Јанмук имала 9 години кога го родила своето бебе. Нејзиното семејство ја омажиле за 26 годишно момче кога таа имала само 8 години.

Нувија В. Т. со потекло од Перу родила дете во 2006 година и исто така имала само 9 години. Забременила откако нејзините роднини ја силувале. Едниот бил 17 години, другиот 28. Постариот бил татко на детето.

Ања од Русија добила бебе кога имала само 8 години. Ја силувал 13 годишен тинејџер. Детето го родила во 2000 година.

Хилда Трухило од Перу родила дете во 1957 година, а таа имала само 8 години. Таткото на бебето бил нејзин 22 годишен братучед кој живеел во иста куќа со нејзиното семејство.

Лина / Принтскрин / Youtube

Лина Медина имала само 5 години кога останала бремена и го родила момчето Герард на 14 мај 1939 година. Два месеци пред породувањето, нејзините родители ја однеле во болница мислејќи дека во стомакот на девојчето расте тумор. Лекарите тогаш им откриле дека Лина била бремена. Првата менструација ја имала кога имала само 8 месеци, а на само 4 годишна возраст  ѝ пораснале гради. Да, звучи неверојатно. Не е познато кој бил таткото на малиот Герард.

Целото видео од прилогот на „Тhe Richest“ можете да го видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот