Најмалку 25 цивили убиени во украинските напади врз Херсон
Рускиот претседател Владимир Путин беше телефонски информиран од гувернерот на регионот Херсон во југоисточна Украина кој е под контрила на Москва, Володимир Салдо, за ситуацијата во регионот по украинските напади со беспилотни летала во кој беа убиени најмалку 25 цивили и ранети уште 29 меѓу кои и деца и бремена жена, изјави за новинарите во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Препорачано
Петгодишно момче загина кога украински беспилотно летало удри во приватен автомобил во регионот Херсон во четвртокот вечерта, објави гувернерот Салдо.
„Киевските злосторници извршија уште едно крваво злосторство. Во областа Тарасивка во округот Олешки, украинско беспилотно летало нападна автомобил во кој се наоѓаше семејство – дедо, баба, нивната возрасна ќерка и нејзиниот петгодишен син. Детето почина, а сите возрасни се здобија со повеќекратни повреди“, напиша гувернерот на платформата Telegram и додаде дека повредените се пренесени во болници во сериозна состојба.
Претходно денеска, Салдо објави дека во четврток вечерта, украинските вооружени сили извршиле напад со беспилотно летало врз кафуле и хотел на брегот во Хорлах, каде што се собрале приближно 100 луѓе за новогодишните прослави. Според прелиминарните извештаи, повеќе од 24 цивили се убиени, а најмалку 29 други се повредени.
Сите жртви се испратени во болниците во Крим. Според министерот за здравство на републиката, Алексиј Натаров, десет лица во моментов се во болници, сите со повреди од шрепнели и експлозии, а нивната состојба е стабилна. Една од повредените е бремена. Три пациентки, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба, додека другите се во умерена состојба.
Според гувернерот на Херсон, украинската војска намерно ги гаѓала цивилите и притоа користела три беспилотни летала, од кои едното било вооружено со запалива смеса. Пожарот бил изгаснат дури рано наутро. Истражниот комитет отвори кривична постапка за тероризам. Истражителите ги утврдуваат околностите и сите вклучени во злосторството.


