Нови израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Најмалку 22 загинати во новите израелски бомбардирања во Појасот Газа

Најмалку 22 лица, вклучително и шест членови на семејството, загинаа утринава во ново израелско гранатирање во Појасот Газа, објавија палестинските извори од цивилната одбрана и болниците.

Индонезиската болница во Џамбалија соопшти дека таму биле пренесени телата на 9 жртви по израелското гранатирање на полициска станица во овој град во северниот дел на палестинската енклава.

Израелската армија во соопштение го потврди нападот во областа Џабалија, прецизирајќи дека цел биле „терористи кои дејствуваат во командно-контролен центар на Хамас и Исламски џихад“.

Во друг воздушен напад врз куќа во северниот дел на градот Газа, во северниот дел на палестинската енклава, загинаа шестчлено семејство, парот и нивните четири деца, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Газа.

Спасувачката служба, исто така, извести за смртта на две лица во напад на шатор за раселените лица во Кан Јунис, во јужниот дел на енклавата.

Исто така во Кан Јунис, болницата Насер објави дека телата на две жртви биле пренесени таму по нападот во домот на едно семејство. Болницата на мачениците од Ал Акса, исто така, објави дека три тела биле префрлени таму по нападот врз шатор за раселените луѓе во кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Прекршувајќи го речиси двомесечниот прекин на огнот, Израел ги продолжи воздушните напади, а потоа и копнените напади врз Хамас во Појасот Газа на 18 март.

Според Министерството за здравство на Хамас, најмалку 1.928 Палестинци се убиени од 18 март, со што вкупниот број на загинати во Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година се искачи на 51305.

Конфликтот беше предизвикан од невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври таа година, во кој загинаа 1.218 луѓе на израелска страна, од кои мнозинството беа цивили, според пребројувањето на АФП врз основа на официјални податоци.

Од 251 заложник киднапирани тој ден од милитантите на Хамас, 58 се уште се држат во Газа, а 34 се мртви, според израелската војска.

ВИДЕО | Хамас објави снимка од израелски заложник киднапиран од кибуц

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот