Рим топлотен бран/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Најмалку 16 мртви од топлотниот бран во Италија

Најмалку 16 лица починаа во топлотниот бран што ја погоди Италија, соопштите властите во земјата.

Од почетокот на неделата, шест лица починаа додека престојувале во одморалишта или работеле на сонце.

Најмалку уште 10 постари лица починаа во болниците низ целата земја, кои беа примени во одделите за итни случаи со тешки симптоми на дехидратација.

Во Рим, пак, продолжуваат континуираните прекини на електричната енергија поради прекумерно оптоварување на електричната мрежа. Серија пожари избувнаа и во поширокото подрачје на италијанската престолнина.

Денес, во 18 градови тревогата е подигната на највисоко ниво, додека се очекува температурата во Јужна Италија да надмине 40 степени. Од недела, според експертите, се очекува живата значително да падне.

Конечно, поради екстремната жештина, автопатот што ги поврзува Милано и Венеција беше затворен неколку часа. На многу места, асфалтот се стопи и екипите мораа веднаш да бидат мобилизирани за да ја обноват површината на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот