Фото: Rawpixel

Најлесен рецепт за домашен леб, не треба да го месите тестото

Домашниот леб не е толку тежок за правење како што изгледа. Не мора дури ниту да го месите. За подготовка ќе ви требаат само четири состојки: брашно, инстант квасец, сол и вода.

Најтешкиот дел во целата постапка е да чекате тестото да нарасне, но и лебот да се излади пред да можете да го исечете на парчиња и да уживате во вкусот.

Имајте на ум дека за подготовка на овој рецепт ќе ви треба тенџере од леано железо со капак како холандска печка.

Состојки:

– 420 г пченично брашно
– 400 мл млака вода
– 2 лажички морска сол
– 2 лажички инстант квасец во прав

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки во голем сад: брашно, морска сол и инстант квасец.
Сипете топла вода во брашното и добро измешајте ги состојките додека не се соединат. Тестото ќе биде многу влажно и млитаво.

Покријте го тестото со памучна крпа и оставете го да нарасне околу два часа.

Кога ќе истече ова време, загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови заедно со покриеното тенџере од леано железо поставена внатре.

Набрашнете големо парче хартија за печење и префрлете го нараснатото тесто врз него. Обликувајте топка. Со нож засечете го врвот на тестото на неколку места.

Ставете го тестото со хартијата во загреаното тенџере и ставете го во рерна покриено 35 минути. Отворете го капакот и печете го лебот уште 10 минути за кората да добие убава златно-кафеава боја.

Оставете го лебот целосно да се излади или барем 30 минути пред да го исечете. Направете сендвич или послужете го како прилог. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот