Најкорисниот совет: За да ги задржите соковите во месото, клучно е едно правило!
Секој го приготвува бифтекот на свој начин. Додека едните се чукаат во гради дека токму нивниот е најдобар, други секогаш се прашуваат зошто не испаднал онака како што замислиле. Па не е доволно само да се „фрли“ парчето месо во тавата и да се чека чудо да се случи. За вашиот бифтек да биде секогаш сочен и одлично да изгледа, австралискиот врвен готвач кој готви за славните личности одлучил да ја открие својата тајна.
Препорачано
Мора да се слушне чврчкање
Искусниот Адријан Ричардсон пред готвењето го вади бифтекот од фрижидерот додека не постигне собна температура. На тој начин, вели тој, ќе се готви убаво и рамномерно. Потоа, бифтекот треба да се зачини со сол и црн пипер. „Солта го сака месото и месото ја сака солта. Не можете да приготвувате месо без сол. Ако сте загрижени дека внесувате премногу сол во себе, едноставно намалете ја количината во прилогот“, објаснил готвачот.
Пред да го ставите бифтекот во тавата, ставете неколку капки маслиново масло, буквално неколку капки од секоја страна на тавата, кои потоа со прстите ќе ги распоредите по целата површина. Бифтекот се приготвува во врела тава. Започнете со средна температура, па постепено засилувајте ја. Главно мора да се слушне чврчкање, тоа е знак дека месото се пржи правилно.
Внимвајте соковите да не ви „побегнат“
Исто така, готвачот напоменува дека е клучно месото да се превртува повеќе од еден пат. Соковите се обидуваат да излезат од врвот на бифтекот, така што со свртувањето на месото секогаш ги задржувате тука некаде. Сакаме соковите да останат во месото така што кога ќе загриземе, да почувствуваме сочност, а не сувост, рекол тој.
Без разлика дали го сакате својот бифтек полукрвав, средно или многу печен, би било добро готвењето да го контролирате со дигитален термометар. Кога центарот, средината на бифтекот ќе постигне 48 степени, ќе знаете дека е испржен до совршенство, открил славниот готвач. И на крајот, кога бифтекот ќе биде готов, оставете го да мирува помеѓу три и четири минути пред да го послужите.


