Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Најголемиот трансфер ова лето пропадна – Њукасл го одби Ливерпул

Ливерпул во последните денови интензивно се обидуваше да го доведе шведскиот напаѓач Александар Исак од Њукасл, но се соочи со цврст отпор.  Њукасл одбил две понуди, вклучително и последна од 140 милиони евра – сума што ќе беше најголем трансфер ова лето. Клубот му порачал на Исаκ дека оваа година нема да замине.

На почетокот на неделата изгледаше дека трансферот е сè поблизу, откако Исак поради недисциплина и предвремено напуштање на подготовките беше избркан од првиот тим и испратен да тренира одвоено. Сепак, најновите информации јасно покажуваат дека премин на „Енфилд“ нема да има.

Ливерпул веќе потроши голема сума на пари за трансфери ова лето, откако ги направи двата најголеми трансфери во овој преоден рок – Уго Екитике за 95 милиони евра и Флоријан Вирц за 125 милиони евра. Дополнително, беа донесени Милош Керкез за 47 милиони и Џереми Фримпонг за 40 милиони евра, а со евентуалното доаѓање на Исак, вкупната потрошувачка ќе надминеше 450 милиони евра.

Минатата сезона Исак постигна 23 гола и запиша шест асистенции во 34 натпревари во Премиер лигата. Од неговото пристигнување во 2022 година од Реал Сосиедад за 70 милиони евра, тој има вкупно 62 гола и 11 асистенции во 109 настапи за Њукасл. Претходно ја започна кариерата во АИК Стокхолм, а играше и за Борусија Дортмунд и Вилем II.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот