Најголемиот рудник за цинк во Европа го прекина производството, отпуштени се 650 работници

Фабрика цинк / Фото: Chirasak Tolertmongkol / Alamy / Alamy / Profimedia

Шведската рударска компанија Болиден најави дека ќе го прекине производството во рудникот за цинк во Ирска поради финансиски проблеми предизвикани од падот на цената на цинкот и високите трошоци.

Вчера шведската рударска компанија објави прекин на работата во рудникот Тара, без да прецизира кога би можело да продолжи екстракцијата на цинк. „Активно“ работиме на продолжување на работниот век на рудникот, со зачувување на неговата конкурентност, додаваат оттаму.

„Притокот на готовина во моментов е негативен поради комбинација на фактори, вклучувајќи деловни предизвици, пад на цените на цинкот, високите цени на енергијата и општиот раст на трошоците“, рече Болиден.

Ќе го прекинеме производството и привремено ќе отпуштаме работници додека не се подобрат условите за работа, додаваат тие.

Генералниот директор на рудникот Болиден Тара, Гунар Нистром, рече дека компанијата е свесна за влијанието што одлуката ќе го има врз вработените во областа Наван.

„Во долгорочен интерес на рудникот Болиден Тара, донесовме одлука за привремено прекинување на работата. За жал, тоа ќе значи дека до 650 вработени ќе бидат привремено отпуштени. Ние сме целосно свесни за тешкотиите и промените што ќе ги донесе одлуката за нашите вработени, но и за пошироката заедница во Наван, каде што рудникот работи од 1977 година. Не ја сфативме одлуката лесно, туку едноставно мораме да го запреме сегашниот неодржлив тренд на одлив на готовина за да ја заштитиме долгорочната иднина на рудникот. Не сме сигурни колку ќе трае овој период, но веруваме дека состојбата е привремена и постојано ќе ја следиме“, рече началникот на рудникот.

Рудникот Тара има околу 650 вработени и е најголемиот рудник за цинк во Европа и осми во светот. Таа произведува 200.000 тони концентрат на цинк и 40.000 тони концентрат на олово.

Цинкот се користи комерцијално за третирање на железо и челик за заштита од корозија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот