Најголемата размена на играчи во НБА во последните 20 години!

фото: твитер

Ова е најмасовниот „трејд“ во НБА лигата во последните две децении, уште од заминувањето на Патрик Јуинг од Њујорк Никс во Сиетл Суперсоникс.

Четири НБА екипи, Хјустон Рокетс, Минесота Тимбервулвс, Денвер Нагетс и Атланта Хокс доцна синоќа направија размена на дури 12 играчи, а главна ѕвезда на овој „трејд“ е центарот на Рокетси, Клинт Капела, пренесува „ЕСПН“.

Капела е разменет со Атланта Хокс кои од Хјустон доведоа уште еден играч, Нене. Рокетси во рамките на оваа размена ги добија Роберт Ковингтон и Џордан Бел од Минесотта и избор во втората рунда на драфтот.

Минесота од Денвер го ангажираа Малик Билик, Џаред Вандербилт, Хуанчо Хернангомез, потоа од Атланта Еван Тарнер и право на прв да избере на драфтот од Бруклин Нетс оваа година.

Денвер се засилија Џералд Грин од Хјустон и Ноа Вонле, Шабаз Напјер и Кеита Бејтс-Диоп од Минесота.

Најголемата ѕвезда на оваа размена на играчи, 25-годишниот Капела пропушти три од последните четири натпревари поради повреда, а инаку просек од 13.9 поени и 9.5 скокови по меч.

Ковингтон (29) кој наместо него се пресели во Хјустон има просек од 12.8 поени и шест скокови по натпревар.

Ова е најмасовниот „трејд“ во НБА лигата во последните две децении, уште од заминувањето на Патрик Јуинг од Њујорк Никс во Сиетл Суперсоникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот