Најголем грабеж на криптовалути во историјата, хакерите вратија половина од парите

Криптовалути Биткоин/ Фото: Архива на Слободен Печат

Хакерите кои се одговорни за најголемиот грабеж на криптовалути во историјата, веќе вратија пола од украдените 600 милиони американски долари, вчера изјавија експертите од блокчеин, пренесува Ројтерс. 

Поли Нетворк, децентрализираната финансиска платформа, која посредува во „пир-2-пир“ трансакции, вчера објави дека била хакирана. 

Вредноста на парите украдени беше околу 600 милиони американски долари. 

Поли Нетворк подоцна побара од хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, во спротивно тие ќе преземат правни чекори. 

Хакерите изјавија дека нападот го извршиле „од забава“ и дека сакале да ја покажат ранливоста на платформата. 

Идентитетот на хакерите не е познат.

Хакери украле скоро 600 милиони долари во криптовалути на платформата Поли Нетворк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот