Наједноставниот рецепт за брауни, а неверојатно мек и сочен

Фото: Pexels

Американците се познати по чоколадниот колач што лесно и брзо се прави. Брауни е вкусен деликатес, а во филмовите и сериите можевме да видиме дека е многу популарен колач, покрај чискејкот.
Брауни во последните неколку години стана доста популарен и кај нас, а со овој едноставен рецепт ќе го направите за миг.

Со причина е еден од најпопуларните колачи меѓу сладокусците, бидејќи ароматичниот чоколаден колач, со својот вкус ќе ги задоволи сите наши сетила.

Послужете го со топка сладолед од ванила или шлаг и уживајте во совршено сочниот залак.

Состојки:

– 200 грама чоколадо
– 100 г шеќер
– 150 грама путер
– 4 јајца
– 150 грама мазно пченично брашно тип 550
– 1 лажица прашок за печиво
– 1 ванилин шеќер
– 30 грама бадеми

Подготовка:

Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги пенесто. Во оваа смеса додадете путер кој претходно бил на собна температура, 150 грама омекната чоколада и брашно измешано со прашок за печиво. Кога сите состојки добро ќе се соединат, додајте ги сечканите бадеми.
Во смесата додајте ја грубо исечканата преостаната чоколада, печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, во веќе подготвен калап што сте го намачкале со путер.
Колачот исечете го на коцки и по желба послужете со шлаг или со сладолед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот