Најдоброто во мак баскетот за 2021 година: Лаурети се Магдевски и Митрашиновиќ 

Андреј Магдевски и Анџелика Митрашиновиќ/фото: fiba.basketball

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) вечерва на свечена церемонија ги прогласи најдобрите кошаркари и кошаркарки за 2021 година. За кошаркар на годината е прогласен Андреј Магдевски, додека најдобра кошаркарка е Анџелика Митрашиновиќ.

Најдобар тим во 2021 година е освојувачот на двојната круна, МЗТ Скопје Аеродром, додека во женска конкуренција е ЖКК Баскет Кам.
Тренер на годината во машка конкуренција е стратегот на Еуро Никел, Горан Самарџиев како и Александар Ашаданов во женска конкуренција.

Посебни награди добија и членовите на кошаркарската селекција на Специјалната олимпијада, а постхумано им беа доделени пофалници на Благоја Георгиевски – Буштур, Анте Дуковски, Марјан Лазовски, Војислав Зивчевиќ и Драган Василевски.

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2021 ГОДИНА

Најдобар кошаркар: Андреј Магдевски
Најдобра кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ
Најдобар млад кошаркар: Теодор Симиќ
Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска
Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром
Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет Кам
Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички
Најдобра женска екипа (младински лиги): Бадел 1862
Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Горан Самарџиев
Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашаданов
Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Андреј Апостолски Лечиќ
Најдобра тренерка на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова
Најдобар играч во 3 на 3: Ервин Цого
Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае
Најдобар кошаркарски судија: Игор Митровски
Најдобар македонски репрезент во странство: Емил Рајковиќ
Најдобра младинска репрезентативна селекција: Женската репрезентација под 16 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот