Најдобрите македонски судии ќе делат правда во битката за куп-трофејот меѓу Силекс и Шкендија
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за финалето во Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кое ќе се игра на утре од 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“.
Препорачано
Правдата на теренот ќе ја дели Игор Стојчевски, кој важи за еден од најреномираните македонски арбитри и интернационален ФИФА судија. Тој е дел од менторската програма на УЕФА за елитни судии, каде негов ментор е познатиот турски судија Џунејт Чакир. Стојчевски сезонава доби и ново признание, откако беше избран да суди на Европското првенство за фудбалери до 19 години во Велс.
Покрај него, како асистенти ќе бидат ангажирани искусниот Тоше Ицев и интернационалната ФИФА судијка Вјолца Изеири, која веќе има богато искуство на натпревари од УЕФА Конференциската лига и женската Лига на шампиони.
Улогата на четврти судија му е доверена на младиот Бењамин Керими. Во ВАР собата ќе биде Александар Грујоски, додека асистент на ВАР-системот ќе биде Гоце Петрески.
Беќири: Имаме почит кон Силекс, нијанси ќе одлучуваат кој ќе го освои трофејот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
54мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


