Јетон Беќири/kfshkendija.com

Беќири: Имаме почит кон Силекс, нијанси ќе одлучуваат кој ќе го освои трофејот

Денеска се одржа прес-конференцијата пред финалето во Купот на Македонија каде што утре ќе се сретнат екипите на Шкендија и Силекс. Шкендија ја загуби битката за титулата во првенството со Вардар, па сега се надеваат дека ќе дојдат до пехар кој би бил мала утеха.

„Мислам дека Шкендија игра финале во купот по осум години и ќе влеземе максимално како во секој натпревар. Имаме почит кон Силекс, играат одлично во последните две години и лани се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат, можеби имаме мала предност поради европското искуство, но во еден натпревар тоа може и ништо да не значи. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре“, порача тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

На прес-конференцијата присуствуваше и капитенот на тетовската екипа, Арбин Зејнулаи.

„Пред почетокот на сезоната целта беше титула и добар настап во Европа, па сега ќе се обидеме да го освоиме купот. Натпреварот е многу важен за нас и ако дадеме максумум верувам дека ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.

Шкендија утре ќе биде ослабена поради отсуството на Бесарт Ибраими кој е повреден, дуелот е закажан за во терминот од 20:00 часот.

Репрезентативец на Македонија ќе плати 500 евра казна за кршење врата во Кратово

ФФМ отвори постапка против Вардар за вулгарната песна на прославата на титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот