Фото: ФФМ

Репрезентативец на Македонија ќе плати 500 евра казна за кршење врата во Кратово

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за повеќе казни за клубовите во Првата и Втората лига, но и за поединци, па така казна заработија членовите на Шкендија, Имран Фетаи и Јетон Беќири.

Фудбалерот на Шкендија и репрезентативец на Македонија, Имран Фетаи ќе мора да плати 500 евра за недолично однесување и кршење врата на натпреварот против Силекс во Кратово кој се играше во рамките од 30. коло.

Идентична казна заработи и тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, но за навреда кон припадници на МВР по завршувањето на дуелот.

Останатите одлуки на федерацијата можете да ги прочитате ТУКА.

Неделковски: Во мое име, и во име на ФК Вардар се извинувам што испеавме вулгарна, навивачка песна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот