Александар Васоски/фото: ФК Силекс

Васоски: Утрешното финале за нас е натпревар на сезоната

Фудбалерите на Силекс утре против Шкендија ќе се обидат да дојдат до својот четврти трофеј во Купот на Македонија, а за нив ова финале ќе биде шесто.

Утрешниот дуел можеби е повеќе важен за кратовскиот тим затоа што победа, освен трофеј ќе им донесе и настап во квалификациите за Конференциската лига, Шкендија тоа го обезбеди преку првенството.

Сепак, тренерот Александар Васоски улогата на фаворит ја препушти на противничката екипа.

„За нас ова финале е натпревар на сезоната затоа што ни носи излез во Европа. Со Шкендија сезонава игравме добри натпревар и добро се познаваме. Ќе биде натпревар за уживање и нека победи подобриот, можеби имаат предност поради искуството од Европа, но знаеме дека и ние можеме да се радуваме“, изјави Васоски.

Добар натпревар очекува и капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески.

„Очекувам интересен натпревар и добар фудбалски натпревар, подготвени сме да го дадеме максимумот и подобриот нека победи, се надеваме дека тоа ќе бидеме ние“, порача Анѓелески.

Дуелот на арената „Тодор Проески“ е закажан за во терминот од 20:00 часот.

Беќири: Имаме почит кон Силекс, нијанси ќе одлучуваат кој ќе го освои трофејот

Репрезентативец на Македонија ќе плати 500 евра казна за кршење врата во Кратово

ФФМ отвори постапка против Вардар за вулгарната песна на прославата на титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот