Најдобрите македонски ракометарки денеска можат да обезбедат пласман на ЕП 2024

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација денеска со почеток од 15.00 часот (17.00 по локално време) во Баку против Азербејџан ќе го игра натпреварот од петтото претпоследно коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Се очекува избраничките на селекторот Кристијан Грчевски да ја оправдаат фаворитската улога и направат клучен чекор на патот кон ЕП. Потсетување дека на првата средба во Скопје со 40:17 беше декласиран Азербејџан.

Доколку сениорките дојдат до победата, а подоцна од 18.00 часот Шпанија слави против Литванија, нашите најдобри ракометарки и математички ќе го обезбедат пласманот на континенталниот шампионат во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Потсетување дека во последното шесто коло во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе ја пречекаме Литванија, а влезот е слободен за јавноста.

Составот на Македонија за натпреварот против Азербејџан: Гакидова, Коларовска, Петковска, Џатевска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Јанкуловска, Мицевска, Кипријановска, Седлоска, Арсениевска, Ристовска, Стефановска, Маџовска, Саздовска, Гичевска.

На табелата во квалификациската група „5“ по четири кола води Шпанија со осум бодови, пред Македонија која има четири, а по два Литванија и Азербејџан.

РФМ им вети премии на сениорските ракометни репрезентации за пласман на СП и ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот